МИЦКОСКИ ВО ВЕСТИТЕ НА СИТЕЛ: СЈО не е заштитник на правдата, ова СЈО е симбол на Заевизмот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во вестите на телевизија Сител, истакна дека Специјалното јавно обвинителство е симбол на заштита на Заевизмот и не е заштитник на правото.

Мицкоски потенцираше дека законското решение за СЈО е далеку полошо од ова што сега го има, додавајќи дека владата на СДСМ прави дополнителна алатка за пресметка со политичките неистомисленици.

-Врз основа на надлежностите кои што се пропишани според овој предлог закон, за кои што треба да разговараме и преговараме,  е и полош од тоа што беше сега. Односно тоа ќе биде практично дополнителна алатка за преиспитување на неистомислениците политички  кои што во овој момент владата  на СДСМ ги има и главен удар,се знае кој може да има -опозицијата, а тоа го гледате и на пракса и на дело што се случува во изминатите денови, вели Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ  е против Катица Јанева бидејќи не ги оправдале очекувањата и довербата на граѓаните.

-Да, точно е, ние сме против Катица Јанева и овој состав на  јавни обвинители кои што се дел од нејзиниот тим, од една проста и едноставна причина што не само што го изгубија човечкиот туку го изгубија и професионалниот кредибилитет. Не ги оправда очекувањата на јавноста кои што безусловно им дадоа доверба пред речиси 4 години да ја водат оваа институција и навистина оваа институција да се претвори во еден орган кој што ќе биде заштитник на правото и правдината. Но, ние бевме сведоци на  речиси полумафијашки методи на сокривање докази, опожарување на простории, поплавување на простории, а се со цел да се сокрие трагата и за нас оваа институција и овие луѓе претставуваат симбол на изневерени очекувања на граѓаните во Република Македонија и дел од онаа ментална матрица која што ја нарекуваме Заевизам. Така што, не ги оправдаа и практично не се поставија онака како ние очекувавме, а тоа е да бидат заштитници на правото и правдината, кажа Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This