April 17, 2024, 12:04 am

МИЦКОСКИ: Во образованието ни треба платформа за квалитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во образованието мораме да имаме заедничка платформа како тоа да биде формирано и тоа да даде резултати, ние можеме да го формираме да експериментираме, да потрошиме пари, а да тоа образование на нас ни даде резултати, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Топ Тема“. Тој посочи дека во образованието е потребна платформа за квалитет бидејќи се соочуваме со сериозни проблеми. Мицкоски потенцираше дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да спроведи коренити реформи во оразованието.

-Факт е дека образованието ќе биде сериозен проблем и практично суровината за претприемачите и за реалниот сектор и тоа е квалификуваните кадар ќе биде сериозен проблем. И денеска тоа го зборувавме и нечесно ќе биде ако ние зборуваме за мерки на краток рок дека еве дуалното образованието ќе го воведеме и со тоа се решава целокупниот проблем. Не е така ние имаме реално многу проблеми во рамките на образованието и во разговори со луѓе кои што се сведоци на начинот на кој што денеска ни функционира образованието, ние треба многу сериозно да се зафатиме и тоа не се решава на кратки стази, за година или две. Потребна е една долгорочна стратегија во рамките на 10- 15 години кога ние би можеле да ги почувствуваме првите резултати. Јас не можам да кажам дека веднаш и сега тоа ќе се почувствува, но за жал ќе ни треба време бидејќи ништо не е направено во минатото. Говориме за дуално образование, за да дојдеме до дуално образование децата треба да поминат основно образование, треба да има предшколска возраст за децата да дојдат до средното образование еве нека биде и насочено средно, ни треба имаме квафилкуван кадар кој што ќе ги обучи тие деца и високо мотивиран. Денеска луѓето се мотивираат најчесто со пари. Треба да порабориме на тој начин. За да ги обучиме тие кадри кои ќе ги обучуваат децата треба да имаме силни универзитети каде што ќе имаме наставен кадар кој исто така ќе биде мотивиран, а не денеска ние се соочуваме со просечната старост на универзитетите која што надминува 50 години. Или пак имаме ситуација да немаме ниту помеѓу првите 2 илјади на Шангајската листа наш универзитет. Ние имаме суштински проблем, а проблемот е дека треба да има коренита реформа. Таа реформа е предвидена во нашата програма, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This