April 26, 2024, 11:48 pm

МИЦКОСКИ ВО 24 ОТВОРЕНО: ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 42.5 проценти од гласачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше на емисијата „24Отворено“ каде што потенцира дека на првиот круг од претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ освои 42.5 проценти од гласачите, додека пак на изборите во 2004 година партијата освои 34 проценти.

Мицкоски потсети дека овие претседателски избори може да ги споредуваме со претседателските избори од 1999 и 2004-тата година. Затоа што во 1994 и 2014 претседателските избори беа заедно со парламентарните избори. Во 2009-тата беа заедно со локалните избори. Ние денеска на овие претседателски избори имаме 42.5 проценти освоени гласови од тие што излегле.

Во 2016-тата на претседателските и предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери освоија помалку од 38% од излезените. Во 2017-тата на локалните ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има 36%, значи 6.5% имаме повеќе гласови сега од вкупно излезени. Ама да не заборавиме дека неколку партии ја напуштија нашата коалиција и денеска се коалициони партнери на Зоран Заев, нагласи Мицкоски. Мицкоски додаде дека Гордана Силјановска Давкова освои 42.5% од гласачите кои излегоа на изборите.

Сашко Кедев, господин Кедев во 2009-тата година освои 34 и нешто проценти од излезеноста на граѓаните. Додека пак господинот пок ојниот претседател Борис Трајковски во првиот круг во 1999 година освои 21.1%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This