Мицкоски: Време е народот да му одржи лекција на Заев- на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус посветен на чистката која што ја вети Заев по дебаклот по првиот круг од претседателските избори.

-Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.

Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.

Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.

Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.
Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.

Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.
Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.

Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.
Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите.

Нема повеќе.
Време е за правда, за Македонија!, пишува Мицкоски во својот пост на Фејсбук.

 

Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.Зашто ветувањата за 500 евра…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, April 23, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This