МИЦКОСКИ ГИ ПОСЕТИ ПАЗАРЏИИТЕ И ДАДЕ ПОДДРШКА: Власта не смее да си поигрува со вас, доста е со манипулациите и понижувањата (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ги посети пазарџиите на Зелениот пазар во Скопје.

Тој ги сослуша нивните проблеми и зборуваа за работата на актуелната Влада која удира врз најранливите категории на граѓани.

Мицкоски беше во придружба на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Никола Мицевски и двајцата заедно се потпишаа на петицијата која пазарџиите ја отворија за да се укинат мерките.

Пазарџиите му се пожалија на лидерот на опозицијата дека трошоците кои им се наметнуваат од страна на Владата се премногу за нивниот џеб и дека тие едвај заработуваат за да преживеат, а дополнителни давачки би биле голем удар за нив. Со поздрав и аплауз го поздравија неговото доаѓање и потписот кој им го даде како поддршка.

Мицкоски им посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесоа барање за враќање на стариот закон, а измените кои ги донесе СДСМ да бидат откажани, а не само одложени.

-Ние едвај заработуваме за да преживееме. Таков трошок не можеме да издржиме. Власта сега вика ќе пролонгира. Не треба да пролонгира туку да се откаже од нашите пари. Односно од парите кои сакаат да ни ги земат оти ние пари немаме, му кажа една пазарџија на Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пратениците ќе дадат се од себе за да се укинат овие мерки и дека нема да дозволат да се тера политика на грбот на овие луѓе кои чесно заработуваат.

-Тие се обидуваат за една година да го пролонгираат носењето на овој закон и повторно да манипулираат со гласовите на луѓето. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Треба да седнеме, да отвориме јавна дебата со луѓето кои се најзасегнати, со пазарџиите, за да можеме да направиме законско решение кое ќе одговара на интересите и на барањата на пазарџиите, а да биде согласно и потребите на граѓаните, истакна Мицкоски.

Пазарџиите му се заблагодарија на Мицкоски што ги посети и ги поддржа.

-Сите политичари треба да го следат вашиот пример. Сите политички партии да дојдат пред да се носи било каков закон прво да видат со што се соочуваме ние граѓаните, а потоа да носат било каков закон. Навистина ни е чест што ни давате морална поддршка, тоа е многу значајно за нас во моментов.

Мицкоски ги сослуша маките на повеќе пазарџии, а сумираниот впечаток е дека тие навистина имаат голема мака и дека им е потребно некој да се бори за нивните права. Ја обвинуваат Владата дека во предизборитео ветуваше живот, а им донесе крпен живот.

-Ние не покриваме овде толку трошоци. Јас ако направам денес 500 денари, за мене се 100 денари. УЈП ми зема мене 9000 денари. Скопски пазар ми зема 5500 денари секој месец. Работел, не работел, секој месец на 1-ви  морам да платам. Ние немаме капацитет да покриеме такви трошоци. И сега сакаат со нов сатар да не заколат? Нека ни ја земат и душата, истакна еден пазарџија.

Друг човек кој си продава зеленчук на својата тезга, порача министерот за економија да дојде на тезга за да види како се продава на вакви температури со своето семејство.

-Денеска сме овдека заедно со пазарџиите и разговаравме за проблемите кои што ги имаат, разговаравме за новото законско решение кое што го донесе Владата на СДСМ и ДУИ, го слушнавте, го видовте впрочем револтот и вие од ова законско решение. Она што уште е потрагично е што не се обидува да се најде вистинско решение за проблемите на овие луѓе, туку истото се пролонгира за една дополнителна година. И се обидуваат повторно со игра на ниски страсти да манипулираат со овие луѓе така што би ги обезбедиле да речеме нивните гласови за следните претседателски. Јас верувам дека ќе се одважат еве денеска е петок, рекоа дека ќе донесат одлука и за предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „За подобра Македонија“ и пратеничката група, еве тука е со мене и координаторот на нашата пратеничка група, во рамките на Собранието поднесе закон со кој што практично бараме укинување на ова законско решение по итна постапка. Ќе се организира јавна расправа, на истата јавна расправа ќе бидат поканети и луѓето тука од пазарите во Република Македонија да можат да си ги кажат маките, и да можат политичарите од владата да ја слушнат вистинската вистина и вистинските сведоштва на овие луѓе за сите овие проблеми со кои што они се соочуваат. А, не само да ветуваат пред избори, а потоа фино залегнати со топлинки, и навлечени во кожни фотелји да носат законски решенија од ракав што не само што не се функционални туку и носат зло за оваа категорија на граѓани. Доколку СДСМ и ДУИ одлучат денеска еве рекоа, еве петок е, да има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе победи на тие предвремени парламентарни избори. И една од првите одлуки на таа нова влада ќе биде укинување на ова законско решение доколку не успееме сега во рамките на парламентот да го убедиме парламентарното мнозинство дека е овој штетен закон и дека веднаш треба да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на овој закон, а не продлабочување на кризата, манипулирање по принципот на ниски страсти и одложување за една година на маката на овие луѓе, посочи Мицкоски по средбата со пазарџиите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This