МИЦКОСКИ ГО ИСКАЧИ ЧЕНГИНО КАЛЕ: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја искачи најисточната точка на Македонија во подготовка за вечерашните состаноци во Делчево и Пехчево!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, утринава ја искачи најисточната точка во   Македонија, врвот Ченгино Кале заедно со неговите соработници како дел од подготовката за вечерашните состаноци со општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево и Делчево

Мицкоски, во рамки на акцијата за средби со граѓаните вчера присуствуваше на средба со граѓаните на Берово, каде одржа и состанок во ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Берово.

Ченгино Кале (Калето) или Моравски Врв — врв на Малешевските Планини на границата Република Македонија и Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Се смета за најисточна точка во Република Македонија. Познато е како место од каде што извира реката Брегалница — втора река по големина во земјата.

Се издигнува на главното планинско било, на југоисток од врвот Погледец; на исток од него се одделува Моравски Рид, на југоисток е Каменички Рид. Се наоѓа на 1.710 метри надморска височина. Врвот е заоблен. Северните делови се спуштаат стрмно кон долината на Стара Река, додека југоисточниот и јужниот дел се пониски. Источните делови на Ченгино Кале водат кон Добромирска Река и Сливничка Река. Почвата е планинско-ливадска. Билото има високопланинска тревна растителност, додека северните и јужните делови изобилуваат со букови и иглолисни дрвја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This