МИЦКОСКИ ГО СООПШТИ СТАВОТ НА ПАРТИЈАТА: Секој да постапи согласно своите убедувања за тоа што е најдобро за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој да си одлучи согласно своите убедувања, морал и етика – ваков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ по неколкумесечните консултации со граѓаните, кои попладнево до доцна вечерва беа апсолвирани на состаноците на Извршниот Комитет, а потоа и на Централниот комитет

Лидерот на опозицијата вечерва го соопшти ставот на партијата по однос на референдумот, кој гласи секој да постапи онака како е убеден дека е најдобро за Македонија.

Претходно, Мицкоски го критикуваше договорот нарекувајќи го капитулантски, додавајќи дека истиот е единствена сламка за спас на Заев и неговата влада, имајќи ги во предвид катастрофалните политики, уништената економија, влошениот животен стандард, нарушените слободи и права, цензура.

 „Секој граѓанин да постапи според своето убедување. Секоја индивидуа ќе донесе одлука, која ќе смета дека е добра пред се за неговото семејство, но и неговата држава“, беа клучените зборови на Мицкоски на оваа прес-конференција, со која им остави на самите граѓани да донесат одлука дали ќе излезат или ќе го бојкотираат референдумот.

За крај тој порача, едно знам: „Македонија ќе победи, а на власта ќе и порачам, да не ја лаже јавноста со слоганот – Сега или никогаш. Таков пример имаше и со изборот за претседател на Бранко Црвенковски, па сите видоа како заврши сето тоа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This