МИЦКОСКИ: Договорот со Грција останува најтешката капитулација која владата и ја нанесе на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување во емисијата „Печат на неделата“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ни во најлошиот сон не можел да поверува дека македонски политичар може да постигне ваков договор како што постигнал Зоран Заев.

-Јас во неколку наврати договорот со Грицја го нареков капитулација, и тоа е капитулација на македонската нација и македонската држава, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека периодот бил во Брисел каде имал средба со сестринските партии, со многу европратеници и разговарале за ситуацијата во Република Македонија. Имено додаде дека не можел да поверува оти заевизмот до толку ќе земе замав во државата.

-Оние три збора кажувам, заборавам, негирам, земаа таков замав да тоа кое само пред година ипол изгледаше незамисливо, дека некој македонски политичар може да потпише ваква капитулација, рече Мицкоски и додаде:

„За жал двоецот Димитров- Заев, патронот на заевизмот практично успеа да го направи и да ја потпише оваа капитулација за македонскиот народ“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This