Мицкоски: Договор на Заев со Макпетрол е од финансиски и политички интерес, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ се осврна и на Предлог законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол АД по пат на спогодба кој е на дневен ред во Собрание по скратена постапка.

„Прво, нема потреба ако Зоран Заев ветил дека ќе го купува делот од Гасоводот тоа да дојде во парламентот и да добие легитимитет од парламентот. Тоа може да го направи Владата, единствен ваков договор беше оној со ОКТА и знаеме како скандалозно заврши“, рече Мицкоски.

Тој укажа дека минатата година во завршната сметка на Буџетот книжеа средства дека се префрлени на Национални енергетски ресурси кои ги калкулираа како капитална инвестиција во висина од околу две милијарди денари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски заклучи дека договорот со Макпетрол е прецент, а интересот освен финансиски е и политички, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This