МИЦКОСКИ ДО ВЛАСТА: Живееме во црно време за граѓаните и црно време бизнисот во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јуни 2017-та година, Зоран Заев во експозето како нов премиер на Република Македонија, го потврди она што претходно го беа ветиле во нивната програма План за живот, дека секоја година ќе обезбедат раст на економијата од 5 проценти, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Вистинското потфрлање се случи уште првата година кога се забележа раст околу 0 проценти. За оваа година, согласно проекциите на буџетот кој самите го составуваа предвиделе дека економијата ќе расте со 3.2 проценти или вкупно БДП ќе изнесува 10.767.000.000€. Значи далеку помалку од ветените 5 проценти раст секоја година, ветени во програмата за живот и од самиот Зоран Заев. Но тоа што нема да расте економијата за 5 проценти не е вистинскиот проблем, туку тоа што економијата нема да ги достигне ниту тие 3.2 проценти раст кој самите си го зададоа. Имено со ребалансот на буџетот самите растот го спуштаат на 2.8 проценти, поточно на ниво од 10.724.000.000€, а грешката, односно потфрлањето е околу 43.000.000€. Значи Владата на Заев е до толку неспособна што не може да го оствари економскиот раст кој самите си го зададоа, па не 5% како што ветуваа, не 3.2% колку што самите предвидоа во буџетот, туку сега економијата ќе расте со минимални 2.8% колку што сега предвидуваат со ребалансот. Додека ММФ и Светска Банка потврдуваат дека растот нема да биде повисок од 2.5 % што е вистинска штета бидејќи регионалните економии растат со над 4 проценти. Со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта, тие не можат да го достигнат ниту оној раст кој самите го предвидуваат. Црно време за граѓаните и црно време бизнисот во Македонија, додава Мицкоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This