Мицкоски до Заев: Не може да зборувате за иднината, а не го вадите од уста Никола Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ живее во паралелен свет каде што единствено нешто што ги интересира е Никола Груевски, а не реалноста во која што пливаат во лаги, невистини и очај, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вечерва гостуваше на тв дуел со лидерот на СДСМ.

Во недостиг на аргументи Зоран Заев го користи неоснованиот напад дека ВМРО-ДПМНЕ е се уште под капата на Никола Груевски, односно дека Христијан Мицкоски е продолжена рака на Груевски.

Мицкоски истакна дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ е тој, а партијата се раководи по одлуки донесени на Извршниот и Централниот комитет, што според статутот е сосема легитимно. Наместо тоа, Мицкоски вели дека СДСМ треба да излезе од минатото и да се соочи со реалноста дека само за неколку денови оди во опозиција.

-Господине Заев, не може да одите кон иднината, а да не го вадите од уста Никола Груевски. Секогаш кога сте во недостиг на аргументи, го спомнувате Никола Груевски, иако самите дозволивте да си замине од земјата, вели Мицкоски.

–СДСМ е во очај и во пресрет на најголемиот пораз во историјата на партијата, пробуваат да манипулираат со народот кој одамна знае кого треба да одбере на претстојните избори. СДСМ заминува во историјата и тоа е неминовно, заврши Мицкоски.

-Вие не можете да нудите иднина господине Зоран Заев. Се уште сте заглавени во минатото и ви тежи господинот Груевски, три години потоа еве последните 30 тина месеци претседател на ВМРО -ДПМНЕ сум јас и разговарате со мене и може да зборувате сега за тоа како можете да бидете конструктивна опозиција после 15 јули за заеднички да ја предводиме Македонија да биде дел од Европската Унија-заклучи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This