April 24, 2024, 10:54 am

МИЦКОСКИ ДО „ОДМЕТНАТИТЕ“ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Нека ви е аирлија коалицијата СДСМ со тие луѓе, сите заедно ќе ве испратиме на темната страна на историјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот протест во Велес порача дека СДСМ не вратиле во мрачното време на едноумието, а додека во зaтвop лежат невини патриоти, затоа што сакале да си ја одбранат државата, а на „одметнатите“ од ВМРО-ДПМНЕ кои сега соработувале со СДСМ им порача дека ќе ги испрати на „темната страна на историјата“

„Вие не враќате во времето на едноумието, кога луѓето не смеат да кажат нешто што вам и на вашиот афрички монарх аболицираниот политичар Зоран Заев нема да му се допадне и на неговите поданици ширум Македонија и тогаш луѓето ги собирате на информативен разговор. Па Ранковиќ вака не правел во 40-тите години на минатиот век“ рече Мицкоски.

Тој упати порака до своите поранешни сопартијци кои сега заедно со СДСМ го подготвувале Законот за амнестија.

„Да им порачам на нив и на вас од СДСМ нека ви е аирлија новата коалиција со тие луѓе. Нема да се нафајдите и нема да се изнарадувате многу. Ќе видите што ќе ви се случи на вас. Знам дека седат некаде во некоја канцеларија и подготвувате сценарија и закони со кои што дополнително ќе го нарушат достоинството на тие маченици. Но нема да им помине. Нема да им помине затоа што ќе дојде денот кога и вие заедно со нив ќе бидете разголени и разобличени пред судот на овој народ и ќе ве пратиме во темната страна на историјата. Од прв до последен. Поразени и презирани од родот свој од својот народ за тоа што и го направивте и на ВМРО-ДПМНЕ но и на Македонија што најмногу боли“ рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This