Мицкоски до Ромео: Пopaди нecпoбнocтa на влacтa, Република Македонија нeмa никaкoв нaпpeдoк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателот, Александар Николоски денес остварија средба со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео.

На средба разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД-19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки се со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено тој укажа дека се власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоки му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This