МИЦКОСКИ: Единствено што направи СДСМ е промена на нашето уставно име и идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Буицата на народната волја доаѓа на овие избори. А претседателските избори се првата станица до парламентарни избори кога конено ќе биде победено ова мракобесие. Иако сега сакаат да демонстираат сила, добро знаат дека нивната арогантност и сеење на страв е вистинскиот доказ за нивната немоќ.

Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе остане запишано дека единственото нешто што направија е промена на нашето уставно име и идентитет, што претставува тешка капитулација по сите основи. И на оваа тема сум говорел многу, но сакам да опфатам едно друго поинакво светло. Побрзаа со полиција да ги чуваат знаците покрај автопатиштата на кој пишува онака фушерски прелепено со самолепливи плакати Република Северна Македонија. Па ако народот прифател доброволна промена на името и идентитетот и бил среќен поради тоа како што вели власта, тогаш што ќе им е полиција да ги чува таблите. Институциите ќе немаа работа, граѓаните среќни и задоволни во редици самите ќе го испишуваа новото име на јавните места. Ама не ќе да е така, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека СДСМ знаат дека огромното мнозинство на народот не го прифаќа и не се согласува со ова што го направи власта, што и се виде и со самиот референдум каде договорот беше отфрлен.

-Покрај невидливиот цензор на медиуми чии корени одат на Бихачка, се доби уште еден јавен, па така ако некој министер или новинар во присуство на Заев го употреби името Република Македонија ризикува да биде веднаш цензуриран и поправен кажувајќи го името што сам си го договори и го потишаа во Нивици. Мисли така ќе влијаее во колективната свест дека мора да се смени името чии корени се векови, милениуми стари, па така и срамот кој и го приреди на државата биде помал. Каков аматеризам. Хартијата трпи се, и промената на оние метални букви надвиснати на фасадата на зградата на владата нема да ја променат вистината, нашето име и идентитет е колективно врежано во нашето минато. Нашиот идентитет се нашите прадедовци и дедовци, тоа живее помеѓу нашите синови и ќерки. Македонија е жива и тоа не е само име, тоа е начин на однесување кое го дефинира нашето постоење, тоа е она што сме и ќе продолжиме да бидеме Македонци, а се друго е процес кој има падови и подеми, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This