МИЦКОСКИ: Заветот е голем и тежок – и тој се вика Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без разлика од каде доаѓате, вашиот успех зависи од вашата самодoвeрба, цврстина и знаење. Тачер велеше „навиката да го правиш она што знаеш дека е правилно и важно, иако е тешко, е вистинскиот пат до гордоста, самопочитта и личното задоволство.“ Ние знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на народот, правдата, на страната на Македонија. И таа наша определба бара и одредена пожртвуваност која знам дека секој еден вас ја носи на своите плеќи, особено во ова време кога правдата е нападната од неправда, кога вистината се обидуваат да ја заменат со лагата и кога сакаат да ни ја украдат иднината, изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на денешната, 18-та годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој зборуваше и за промените во семејството кои се најавуваат. Вели, живееме во време кога традициите сакаат да ги одвојат од семејството. Кога вредностите се игнорираат, а авангардата се потиснува.

Но има и светло на хоризонот. 18 години по ред Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ останува јадрото кое ја симболизира таа македонска пркост, топлина, мајчинство кое обврзува, но и бунтовност пред која заеднички се поклонуваме. Македонската жена е неминовен учесник во сите големи настани во нашата историја, таа е големата мајка и хероина која се бори за правдините. И зад сите Сердари и водачи на нашиот народ кои сме ги имале низ нашата историја, стоела по некоја прличева Неда, мајка, жена, силна потпора. Таа основа потикнувала растеж, била почва за развој, силен темел, двигател, бунтовник. Борец!, рече Мицкоски.

Според него, положбата на жената не е еднаш засекогаш дадено право, туку константа за која мора да се борите, унапредувате, освојувате.

Знам дека пеколно тежок е тој пат, но ние ја нoсиме таа карма на беспаќа, континуирани докажувања, и страдања кои не дефинираат низ времето, но и ја зголемуваат нашата мотивираност. Затоа што нели ние Македонците сме пирејот таа троскотна трева која никнува колку и да ја газат, требат и кошкаат. И секоја наша победа која сме ја носеле низ историјата била резултанта на научените лекции од сите наши порази, и сме победувале и одново ќе победуваме со крената глава горди, стаменити, честити, рамо до рамо, еден до друг, затоа што сме искрени во овааа наша мисија и затоа што ја сакаме оваа земја. Во оваа наша заедничка борба Вие почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ сте рамноправниот партнер и ја имате мојата почит. Вашата борба е и моја борба, вашата победа ќе биде заедничка победа. Благица знам дека прифати одговорна функција во несигурно време и ваквите мигови бараат храбри и одлучни луѓе, и убеден сум дека успесите ќе дојдат и сите вие ја имате мојата поддршка и непоколеблива верба, Унијата на Жени ќе се соочи со секој предизвик што доаѓа, затоа што заветот е голем и тежок- и тој се вика Македонија, додаде Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This