Мицкоски: Заев е побогат за два до три пати повеќе од Макрон и Меркел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамките на посетата на месната индустрија МИК Свети Николе, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски , даде изјава за медиумите

Зошто Македонија е сиромашна земја со богат премиер, ќе добиете одговор на ова прашање со едноставно споредување на богатството еве да речеме на семејството на францускиот претседател господинот Макрон, или пак германската канцеларка и ако го споредите со богатството на семејството на нашиот премиер, ќе добиете одговор дека семејството на нашиот премиер, е два до три пати, или пет, или десет, или сто пати би рекол побогати од семејствата на европските лидери“, истакна Мицкоски.

Тој додава дека затоа Македонија е сиромашна земја во која цвета криминалот и корупцијата.

Откако се власт, успеа да ја задолжат државата за 2 милијарди евра, а назад да вратат во македонската економија нема ништо, бидејќи ако ја видете бројката на почетокот од формирањето на првата влада на СДСМ и Зоран Заев, мај 2017 и ја споредите со бројката со која што ја завршивме 2020 година ќе видиме дека БДП е ист, а задолжувањето се зголемило за цели 2 милијарди евра – вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This