МИЦКОСКИ: Заев најпосакуван политичар за источниот сосед, зошто од него може сѐ да добијат, јас сум за разговор базиран на принцип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостувањето во Клан Македонија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Зоран Заев е најпосакуваниот политичар за нашиот источен сосед благодарение на неговата надворешна политика базирана на свиткана кичма. Тој посочи дека за разлика од Зоран Заев кој понизно ги исполнува барањата на сите наши соседи, тој е човек со гордо исправена глава и сака разговор базиран на принципи.

-Со сите соседи во моментов имаме определени непостојаности. Тоа ескалираше во случајот со нашиот источен сосед, соседна Бугарија. Пред некој ден имаше критика кон Пендаровски од страна на Владата на соседна Србија. Денеска гледаме мерка Владата на Еди Рама која што навистина не можам да ја разберам. Така што генерално кога сето ова ќе се собере не само што би рекол немаме добри односи со соседите туку со секој сосед постои определено несогласување. И во моментот доколку ме прашувате и да бидам бpyтално искрен можеби најпосакуван политичари за нашите соседи, посебно за нашиот источен сосед можеби би бил Зоран Заев, затоа што тој нема никаков проблем да седне и да договори работи кои што видовме дека не се во интерес на македонските граѓани, не се во интерес на македонската држава. За разлика од него јас би сакал повеќе да преговарам да разговарам на база на аргументи, на база на факти, а не на база на клиентелизам и материјализам. Начинот на моето фунцкионирање не е со наведната глава, туку со гордо крената глава, врз основа на принципи и ставови, а не врз основа на понизност, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This