Мицкоски: Заев не прави ништо да ја застапи нашата вистина, дека Делчев е Македонец, a македонскиот индентитет е наша посебност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме „историската вистина“. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени, ова преку статус на Фејсбук го пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат.

Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This