April 20, 2024, 11:48 am

Мицкоски: Заев си играше со судбината на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерната емисија на Алфа телевизија „Заспиј ако можеш“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порача дека Заев си поигра со судбината и иднината на државата.

-На Заев му порачав после второто соочување откако тој одлучи да нема повторно соочување,ја исполитизираа целата работа, се обидоа да спечалат некој политички поен, во таа трка да спечалат политички поен си играа со здравјето на граѓаните, си играа со економијата си играа со образованието буквално си играа со иднината на државата, вели Мицкоски.

Тој вели дека тоа го направиле немилосрдно, затоа што бројките не можат да бидат дебатирани затоа то тие се факт.

Мицкоски потсети на изјавите на инфектолозите кои се правеа политиколози како што вели за нивните ставови дека бројката нема да надмине 2000 заразени, а бројката е 7.000, истото го има изјавено и министерот Филипче.

-Обидувајќи се да спечалат некој политички поен тие дефинитивно го загрозија здравјето на граѓаните, ние денеска сме единствена држава на Балканот на којашто и е забрането да влегува во Европската унија, вели Мицкоски.

Мицкоски порача дека поради калкулантските политики на власта и зборењето невистини, а граѓаните го гледаат тоа, не може да очекувате да ви веруваат.

-Мислам дека на господинот Заев треба некој да му ја кажува вистината не да го тапка по рамо затоа пто ние не блескаме, светот не е розов, напротив заглавени сме во ова политичко мочуриште, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This