March 29, 2024, 11:19 am

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ЗАЕВ: Видовме уплaшен човек кој гpчевито се обидува да го yблажи поpазот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во Гостивар, каде одговараше на новинарски прашања. На прашањето за неговата реакција на изјавата на Зоран Заев на денешната пресконференција, Мицкоски одговори.

Одговор: Видовме човек кој што е уплaшен, кој што е свесен за сите грeшки кои што ги направи. Гледаме човек кој што му трепери гласот затоа што е нeсигурен и се обидува грчевито да го ублажи поpaзот кој што е неминовноста на следните предвремени парламентарни избори. Тоа што го зборував во минатото тоа го потврди Зоран Заев дека е потребен нов почеток, дека е потребен нов почеток за да може да успее Македонија, да дојде обновата на Македонија. За да од Македонија ние направиме навистина модерна и европска држава која што ќе се темели на принципи и вредности, закони и почитувања на Уставот. Силна економија, тигар на Балканот, имаме план, имаме визија, имаме стратегија, знаеме како тоа да го постигнеме. Јас сум убеден дека ќе ги убедиме нашите сограѓани и масовно да излезат и да ја дадат поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои што ќе ги презентираме на претстојните предвремени парламентарни избори.

Малку чудно беше кога го слушав денес Зоран Заев кој што велеше да се европеизираме ние за да можеме да ја европеизираме Македонија. Тоа се оние зборови кои што јас ги говорам уште од минатиот октомври, минатата година, кога велевме дека е потребно ние да се европеизираме. Но никако не можам да прифатам дека европеизацијата започнува со злoyпотреба на европското знаменце на предлог законот за опojни дpoги кои што во истиот ден кога отиде Зоран Заев во Брисел да ги убедува нашите стратешки партнери дека заслужуваме дата, го поднесе на швeрцeрски начин во Собранието,а се со една цел да му овозможи нему, и на семејството негово и на луѓето блиски до неговото семејство да остварат дополнителен профит. Кој што морам да признаам според некои луѓе кои што ги консултирав се мери во десетици милиони евра. Ете ние за такви европски вредности зборуваме, како да го озакониме продавањето на mapихуана од Македонија. Наместо земја технолошки тигар, земја извозник на вредности, земја каде што луѓето ќе можат да истражуваат во развојно истражувачките центри, ние ќе бидеме земја каде што најголемиот земјоделски и најдоходовно земјоделски производ ќе биде mapихуаната која што најчесто ќе биде по потекло од орaнжериите и садниците во сопственост на семејството Заеви или блиските до семејството Заеви. Ете тоа се европските вредности по принципот на Зоран Заев. Ние одбиваме и ќе се спротивставиме силно на ваков тип на вредности, ние сакаме вистински европски вредности кои што ви кажав како ги детерминираме и кои што ќе бидат содржани во нашата предизборна програма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This