April 26, 2024, 10:11 pm

МИЦКОСКИ ЗА „КОХА“: Кај нас владее чувството дека Македонците губат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Процесот за уставните амандмани и расправата околу нив е фарса и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во третата конечна фаза нема да учествуваат. Ваквите предлози дополнително ја поларизираат состојбата, а за тоа е виновен Заев и актуелната влада.


Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за КОХА.

-Наместо да интегрираат, тие дезинтегрираат и отвораат процес каде може да се покренат прашања кои нема да не зближат.  И во ред, јас сум подготвен да разговарам за секој проблем и барање на било кој, да дебатираме со аргументи, факти, но во исто време ајде да разговараме и за положбата на Македонците во Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар. Ајде да разговараме за тоа зошто не е закована ниту шајка во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, иако премиерот вети дека ќе се реконструира, зошто не се вработува ниту еден Македонец во тетовската општина, зошто градоначалничката нема слух и не гради капела на православните гробишта во Тетово, зошто некој воопшто да се запишува на факултет по некакви квоти, критериуми, а едноставно не се почитува мерит системот каде треба да се изберат најдобрите. И до кога ќе го трошиме времето на политички барања, а не да решаваме реални проблеми. И знаете што е поважно од предлозите кои се со политичкки предзнак,тоа е сиромаштијата која е подеднаква за сите граѓани. И Македонците и Албанците делат иста судбина, и не треба да се залажуваат со политика која најчесто завршува со политиканство од страна на властодршците, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека наместо политика, и на Македонците и на Албанците им треба економија.

-Дајте да збориме за тоа. Знам дека Албанците исто како и голем дел од Македонците положија големи надежи во Зоран Заев. Нема да кажам дека тогаш погрешија кога го дадоа својот глас, тоа било нивно право и знам дека е револт поради неисполнетите ветувања кон нив од страна на сите политички партии. Но еве сега поминуваат две години од неговото владеење, Заев како што ги измами Македонците, ги измами и Албанците. Тие, исто како и Македонците, не живеат подобро, туку и полошо. Уште нема канализација во Полошко и Кумановско, нема просечна плата од 500 евра како што ветуваше, нема ниту нов автопат од Гостивар до Кичево, нема водоводи во населените места во Кумановско кои во летниот период мака мачат за капка вода. Нема нови инвестиции во зоната во Тетово, а ветуваа нови работни места. Земјоделците исто така се измамени. Студентите не живеат подобро. Знам дека младите од Дебар, Тетово, Кичево, Куманово се иселуваат во странство исто како и младите од Струмица, Радовиш и Берово. Тоа е тажната судбина, која мора да ја смениме, а ќе ја смениме кога ќе се стави крај на политиканството и ќе се посветиме на решавање на реалните проблеми, порача Мицкоски.

КОХА: Што планирате да промените од актуелната политика на вашата партија кон Албанците? Дали и понатаму ќе продолжувате со Вашата реторика да ги сметате како граѓани кои не треба да имаат еднакви етнички права како Македонците, кои за политичкиот дискурс на ВМРО-ДПМНЕ се привилегиран народ?

-За ВМРО-ДПМНЕ во оваа држава нема граѓани од прв или од втор ред. Во оваа држава проблемите се исти за сите, и маката која ја споделуваат граѓаните е иста.  Минатата недела излегоа тетовчани на протест против коцкањето, рамо до рамо беа Македонци и Албанци, муслимани и христијани, предходно излегоа на протест младите студентите, затоа што се протестираа против корупцијата во високото образование. Тоа се реалните проблеми, кои не познаваат национална припадност. Ние можеме целото време да го посветме на политиката, но тоа нема да може да донесе појадок на трпезата, ама развиената економија може, а тоа е најважно. И ниту едно од овие политички теми би биле актуелни доколку би биле општество со развиена економија, добар живот, двоцифрен раст на иднустриското производство, развиени и квалитетни универзитети. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди концепт кој ќе ги реши реалните проблеми на сите граѓани. А животот е прекраток и треба да престанеме да ги губиме генерациите. Не смееме да си дозволиме уште една загубена генерација. Граѓаните треба да застанат против сите празни политики и голата реторика. Да поддржат решенија кои ќе дадат одговори на нивните реални потреби. Албанците, исто како и сите други треба да го кренат гласот против неправдите и црнилата кои ги опфаќаат и нив самите. Црнилата и тешкиот живот не е само за Македонците, тој е за сите граѓани. И ВМРО-ДПМНЕ подава рака за сите незадоволни, и од мене нема да чуете празна реторика, ниту пак исполнување на некакви големи сонови, но ќе видите беспоштедна борба за подобрување на стандардот на граѓаните, подеднаква борба која ќе го направи животот подобар, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This