March 28, 2024, 11:55 pm

МИЦКОСКИ ЗА МОМЧЕТО ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Земјоделците ги лаже министер кој има една цел – да му се допадне на својот ментор, аболицираниот Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мицкоски се осврна и на проблемите со кои се соочуваат земјоделците во државата:

Фото: Meta.mk

Ми сугерираат тука близу мене да спомнам и за акцизата, 3 денари акциза. Најпрвин ќе излезат на една спектакуларна прес конференција и ќе кажат ја избришавме радиодифузната такса, еве нема да плаќаат веќе нашите сограѓни. Но, затоа недела дена потоа, веднаш најдоа начин  како три пати повеќе да земат и како го направија тоа? Воведоа акциза од 3 денари со еден изговор, ако ја воведеле акцизата немало да имаат повеќе средства во буџетот, луѓето помалку ќе возеле возила и така ќе бил воздухот во нашите градови почист. Не само што воздухот не е чист туку позагдани нашите градови ширум Република Македонија не биле, ама и потенки нашите паричници не биле, бидејќи плаќаме рекордно најскапо гориво во регионот. Токму поради тие нивни политики и токму поради таа акција која што ја воведоа.

Мицкоски зборуваше и за лагите за загарантиран откуп и загарантиран пласман.

Удрија и на земјоделците. Ги лажеа, викаа и урлаа ширум Македонија, кога ќе дошле они само да си отишол режимот, ќе дошле они и ќе има загарантиран откуп на земјоделските производите и загарантиран пласман. Не само што тоа не се случи туку гледаме како на буниште се истура родот на земјоделците кој што со мака е направен. Гледаме каде завршуваат и јаболките и сливите и пченицата, и бостанот и зелките, на буниште.

Тој рече дека поради оваа лага и токму поради оваа манипулација граѓаните и земјоделците ќе им го покажат вистинското место на следните избори, а тоа е на темната страна на историјата и право на буниште, од првиот Зоран Заев до последниот, а тоа е министерот за земјоделие.

И кога ќе бидат немоќни во спроведувањето на тоа што го ветиле и кога некој од страна ќе ги искритикува, тогаш следен чекор е кој ајде да го бркаме човекот кој што ги критикува од работа. Сакам една масовна поддршка од овде од овој протест да упатиме сите заеднички до членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, кој од пред некој ден заработи отказ зошто, затоа што надвор од работно време ги критикувал политиките на оној министер Николовски кој што има единствена цел во животот, а тоа е како да му се допадне на неговиот ментор, аболираниот политичар Зоран Заев. Затоа еден огромен аплауз за Цветан во знак на поддршка.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This