МИЦКОСКИ: За нас вистинскиот противник е аболицираниот Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија на прашањето за исклучените од партијата како внатрешни политички опоненти, одговори дека за ВМРО-ДПМНЕ единствен легитимен противник е СДСМ и аболицираниот Зоран Заев.

Во врска со исклучувањето на членовите и пратениците тој истакна дека сите докази кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поседува за нивното делување се презентирани пред членовите Централниот комитет и истото е веќе завршена работа како и внатрешна работа на партијата.

– Сето она кое што беше како доказ кој што ВМРО-ДПМНЕ го поседува и сето она кое што го имаме како информација за делувањето на определени партиски членови, поранешни, но и сегашни за делувањето на овие 8 пратеници кои што тој петок дадоа поддршка за отпочнување на процесот на уставни измени беше презентирано пред членовите на Централниот Комитет. Тоа е внатрешна работа на ВМРО-ДПМНЕ, тоа за нас е затворен случај и за нас легитимен противник е оваа ненародна и криминална власт на СДСМ, предводена од единствениот аболициран политичар Зоран Заев, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This