МИЦКОСКИ ЗА ПИСМОТО НА МИЈАЛКОВ: ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните имаат еден противник власта на СДСМ на чело со Зоран Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа, претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кога од него беше побарано да го коментира писмото на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков истакна дека единствен противник на граѓаните и на партијата е СДСМ на чело со Зоран Заев. Тој посочи дека нема што да додаде или одзеде за второто писмо на Мијалков, додавајќи дека тоа не влијае на него и тој ќе продолжи да работи жестоко кон крајната цел пораз на ова како што вели одродена и криминална власт.

-Што се однесува до ова второ писмо кое што вие го кажавте. Исто така  немам што да додадам ниту што да одземам. За мене таа работа е завршена книга. Се обидувам да отворам нова книга, за мене политички противник е одродената и криминална влада на СДСМ предводена од аболираниот политичар Зоран Заев и се разбирам останувам фокусиран јас и соработниците секој оној кој што сака да допринесе во борбата против овие луѓе е добредојден, вратите се отворени немаме никаква фрустрација кон никого, напротив. Така што немам никаква дилема кој е нашиот вистински противник и вистински противник на граѓаните на Република Македонија и македонската нација. Останатите можат да лиферуваат лажни информации, можат да кодошат, да шпекулираат, можат да брифираат вака или онака. Можат да пишуваат писмо, јас ќе работам, ќе продолжам да работам, ќе продолжам да работам жестоко па ќе видиме на крај каква судбина ќе имам, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This