April 19, 2024, 12:21 am

Мицкоски: За разлика од Заев нема да навлегувам во брачниот статус на неговата коалиција, тој веќе се раздели со многу партнери, а кај да е пo изборите ќе ја свират онаа песната “Побегуља” од Зона Замфирова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во општина Радовиш, му порача на Зоран Заев дека тој веќе се разделил со многуте партнери, а по изборите веројатно „ќе му ја свират онаа песната “, „Побегуља” од Зона Замфирова, како и тоа дека се што ветил на граѓаните на Радовиш, ништо не се исполнило, а времето на апсолутна власт му е при крај.

-Го слушам Заев како вели дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се распаднела, како ќе имало развод на бракот и што ли уште не, за разлика од него јас нема да навлегувам во брачниот статус на неговата коалиција затоа што според неговата логика тој веќе се раздели со многу партнери од коалицијата, Либерално-демократската партија, ДОМ, БЕСА, делумно и со ДУИ, кај и да е после изборите ќе му ја свират онаа песната, се сеќавате „Побегуља” од Зона Замфирова, кај и да е Зоне ќе му избега, а оној Мане кујунџијата и оној негов Манулач усвет има да фатат, рече Мицкоски во Радовиш.

Тој посочи дека Заев наликува на грамофонска расипана плоча и ги зборува истите работи, како пред парламентарните избори, од 2016-та и од претседателските избори 2019-та, како и тоа дека тој ги покраде и ја злоупотреби маката и здравјето на граѓаните, минатогодишните парламентарни избори, а Заев глуми дека е опозиција кога ја има апсолутната власт, вели Мицкоски.

-Јас би му подарил еден ваков календар, затоа што на него може да изброи веќе 52 месеци, веќе петта година е власт во Македонија, а од овде во Радовиш му порачувам дека уште малку му остана апсолутна власт, а време е да си замине, затоа што на нивните митинзи нема да слушнете ниту збор за изминативе 52 месеци, затоа што се што ветија излажаа, рече Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!
ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This