МИЦКОСКИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА МИЈАЛКОВ: Не е задоцнето, катарзата во партијата се случува по природен пат, на крајот партијата ќе стане посилна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето последно интервју за порталот МКД.мк, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека исклучувањето на поранешни функционери од партијата не е задоцнето. Овие случувања според него и се потребни на партијата и се случуваат по природен пат кој на крајот ќе ја направи партијата посилна и подготвена за големи победи

– Не мислам дека е задоцнето. Катарзата која му беше потребна на ВМРО-ДПМНЕ се случува по еден природен пат. На крајот од тој процес верувам дека партијата ќе стане посилна и подготвена за големи победи, спротивставувајќи се на катастрофално лошата власт која ја уништува нашата земја во секој поглед. И ако од таму мислат дека само поради фактот што одбегнаа избори и на сила ги носат тие уставни амандмани дека државата ќе излегла од криза, тогаш длабоко се лажат. Тие со ваквото насилство, отворено корумпирање на пратеници и кршење на постулатите на демократијата државата ја туркаат во уште поголема криза.

Нема уставните измени да ги спасат и поради тоа да ги задржат фотелјите. Напротив, народот многу брзо ќе ги стави на темната страна на историјата. Затоа ни е потребно силно ВМРО, а да се реорганизира партијата ќе ги направиме сите чекори за кои мислам дека се потребни. Нека не забораваат од власта дека ние сме ВМРО, а ВМРО било секогаш тука кога на Македонија ѝ било тоа потребно.

По исклучувањето на Сашо Мијалков од партијата, прекинатите комуникации со Никола Груевски, дали ова симболично значи и некакво раскрстување со начинот на делување на поранешното партиско раководство?

– Да, некој може да каже дека има и некаква симболика во сето тоа. Но, велам, размислуваме за рационализација на трошоците. Работењето во еден ваков објект и неговото одржување станува прескапо за нас.

„Приказната“ со Сашо Мијалков ја завршивте. Што станува со Никола Груевски?

– Со Никола Груевски немам никаков контакт веќе подолго време. По денешната информација за негово упатување на издржување на затворска казна сакам да се видам со него, да поразговарам и да видиме како може да помогнеме против овој политички прогон што се случува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This