МИЦКОСКИ ЗА ТВ СТАР: Во Штип нема ниту една инвестиција, ја запреа дури и изградбата на штипската клиника!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме неправда на секој чекор, имаме неостварени ветувања. Еве тука во Штип кажете ми една фабрика која што се отвори во технолошко-индустриската зона, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за штипската ТВ Стар.

-Една нова фабрика кажете ми. Напротив, јас слушнав од овде сведоштва од Штип дека голем дел од нив останале без работа, дека дел од погоните во текстилната и кожарската индустрија се затворени поради наметнатите даночни политики од страна на оваа Влада. До каде е реновирањето на штипската клиника? Ништо, се прeкина и тоа. Автопатот не е пуштен. Едно очајно сивило кое што денес е секојдневие во Република Македонија, рече Мицкоски.

Тој истакна дека единствена работа која власта ја направи, покрај потпишувањето на капитулантскиот договор е yкинyвање на Советот за јавни набавки кој колку-толку беше еден вид на механизам за контрола.

-Го yкинаа за да може тендерите да им врват во четири очи. И втората работа која се случи е оcлободителната преcуда за „Поткyп“ која беше потврдeна од страна на Апелациониот суд, на 1-ви април 2019-та, на првиот ден од кампањата. Се мислевме да не е некоја првоаприлска шега. Но, видовме дека тоа е реалност, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This