Мицкоски: “Земјата го плaќa Заев co живoтитe нa лyѓeтo кoи ce гyбaт зaтoa штo имаме oтcycтвo нa opгaнизиpaн cиcтем”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва порача:

Додека Заев си се забавува со некаков дигитален конгрес, и во исто време кога започна да се колне во црвената боја за која денес соопшти дека била на Европската Унија, откри дека е спремен за нови декларации со источниот сосед, зошто нели “рибата мириса од опашката”, покрај овие несериозности, единствено сериозна е националната катастрофа со Ковидот.

Не само што Заев и неговата опасно неспособна влада се спремни да го асимилираат народот, туку допуштаат и геноцид. Само денес 22 лица починаа поради Корона. Над 900 починати од почетокот на кризата. Таквата катастрофа е последица на убиствената неспособност на Владата. За жал земјата го плаќа Заев со животите на луѓето кои се губат затоа што имаме отсуство на организиран систем да се соочи со опасноста.

Нема изговори, ниту трпение. Ако не знаат како, нека си ги спакуваат куферите, доста Македонија ги губи своите чеда поради неспособната Влада и мафијата на Заев.

Текстот може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This