April 26, 2024, 12:51 pm

Мицкоски: Изборот овој пат е помеѓу срам или чест, подвиткана или исправена кичма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на најголемата политичка опција во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Свети Николе порача дека на 15-ти јули одлучуваме за иднината на нашата татковина. Тоа нема да биде обичен ден. Треба сите масовно да излеземе и да гласаме за горда Македонија, за млади луѓе кои имаат поинаква визија, кои се подготвени да се справат со сите предизвици кои не чекаат од 16-ти јули. Коалицијата за обнова поддржува право и правда, чест и честитост и нула толеранција за корупција.

-Одлуката овој пат е помеѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвитката кичма или исправена кичма. Да не спомнувам какво предавство направија на сопствениот народ. Ветувајќи му подобра иднина. А денеска по скоро четири години мандат, Европската унија ги затвори вратите за граѓаните на Македонија. Ете таква перпектива овие луѓе можат да донесат и ја донесоа. А за пљачки да не зборам. Ќе почнам од нивниот генералниот секретар, па ќе завршам со куферчето Луј Витон кое заврши во Обвинителтвото кое веќе не постои. Затоа овде јасно и гласно да се разбереме. Секој оној кој ќе заокружи за Љупчо Николовски, слугата на Зоран Заев, директно заокружува за уништување на Македонија. Затоа на 15-ти јули јас чувствувам голема енергија, го чувствувам пирејот како се буди во секој еден, без разлика на етничката и верска различност, голема победа се случува. Голема победа ќе се случи на Коалицијата за обнова предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ниту оние анкети напишани на Бихаќка нема да им помогнат, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This