Мицкоски: Изградија модуларни бoлници поради чиј неквалитет животот го зaгубија 14 луѓе, и мува не ги лази да понесат одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Тие од власта гледаат да профитираат и на туѓата несреќа. Додека народот пати, додека народот живее крпен живот, тие пак не престануваат да крадат. Се сеќавате кога беше полниот ек на корона кризата, и кога немаше вакцини, стотици луѓе умреа од власта наместо да обезбедат вакцини, тие токмеа провизии при набавка на кинеските вакцини кои што беа неколку пати поскапи од сите останати”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Пехчево.

Мицкоски додаде дека од власта се навртеа да градат модуларни болници, кои се како кибрит, а поради чиј неквалитет животот го загубија 14 луѓе во Тетово, живи гореа, и мува не ги лази да понесат одговорност.

„Денес на врата ни топа една нова криза, енергетска криза. Тие се навртеа па на тендер од 50 милиони евра за увоз на јаглен од Косово. И тука никој не го поставува прашањето зошто да плаќаме за увоз, кога РЕК има ископ на јаглен. Одговорот е дека на РЕК се потсетуваат тогаш кога ќе треба некоја од струмички компании блиски до Заеви да земат тендер, а не и кога ќе треба да се копа јаглен. Таквата штета од недомаќинското работење на РЕК Битола ќе се плати од вашите пари, џебот на граѓаните, исто како што граѓаните ќе ја платат и штета за патиштата која ќе се случи поради увезениот јаглен. Тие и од ова ќе профитираат и ќе стрпаат уште еден милон плус”, рече Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This