МИЦКОСКИ ИМАЛ СРЕДБА СО ГРУЕВСКИ: Разговаравме за партиското функционирање, но и за некои лични моменти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долго време немав остварено средба со Никола Груевски, но тоа го направив сега пред некој ден, открива Мицкоски, додавајќи дека со почесниот претседател на партијата имале неколкучасовна средба на која разговарале за процесите кои се водат против него

 

Мицкоски објаснува дека со Груевски се сретнал за да ги слушне новите моменти во врска со политичкиот прогон против него, и да види како може да помогне.

„Да се видовме пред некој ден, разговаравме за ова што му се случува, за политичкиот прогон на кој што е изложен изминатиов период, разговаравме за иднината негова – се разбира, бидејќи како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а тој како почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ секако дека имаме заедничка тема не само за нашето партиско функционирање, туку и за личните моменти во целокупната оваа работа. Иако, морам да признаам дека подолг период немавме комуникација, но пред неколку дена имавме еден таков состанок.“ – рече Мицкоски.

„Ако човекот кој што се возеше во ‘Мерцедесот’ во кој што се возеа икс луѓе во државата вклучително и ова раководство во владата, а притоа помпезно цела држава целокупната тогашна опозиција зборуваше за определени милијарди, а сега е обвинет за нематеријална штета односно, ползувал нематеријален бенефит – од време на време некогаш се возел во тоа возило – и за тоа да добие две години затворска казна, а притоа немаме материјална штета, и никаде ги нема оние милијарди изнесени од државата….“ – истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека додека во Македонија градоначалници се однесуваат како „Вајат Ерп“ на граница и шверцаат цигари, а за тоа добиваат благи или никакви казни, а други градоначалници аболицирани за кримина се премиери, во државата се зборува за ‘Мерцедесот’.

„Обвинет е (Никола Груевски) дека реализирајќи ги тие проекти стекнал доверба кај граѓаните и победил на следните парламентарни избори. Така што, ајде ќе видиме како ќе завршат“ – заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, објаснувајќи ја баналноста на процесите кои се водат против почесниот претседател на партијата Никола Груевски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This