МИЦКОСКИ: Како влада ни велеа дека ја пopaзилe пaндeмијaтa, а денес имаме стотици пaциeнти зaбoлeни од кoрoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервјуто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше запрашан за обвинувањата од власта дека за сите пропусти државата биле виновни Наќе Чулев и ВМРО-ДПМНЕ.

Цветановски: И покрај се’ и сите пропусти што ги имаше оваа влада за се’ секогаш им е виновен Наќе Чулев и Вие, така вели и Заев, Коста Петров, Филипче и останатите пи-арџии. Зошто сте Вие и Наќе Чулев виновни за се’?

Мицкоски: Па повторно, тоа е дел од тој нивниот фолклор како стратегија, пи-ар, ќе ги обвинат граѓаните, ќе ја обвинат и опозицијата за нивните неуспеси. Одбрале таков начин да комуницираат со јавноста, претпоставувам дека тоа е некоја поширока нивна стратегија и да се обидат тоа што не е нивно да го извратат и на тој начин да го соопштуваат во јавноста. Никој не е виновен, единствено е виновен, според Филипче, народот што не ги почитувал мерките, го цитирам.

И практично виновно е ВМРО-ДПМНЕ односно јас, и Наќе Чулев, и ако ме прашате зошто, навистина не би знаел да ви одговорам зошто е тоа така. Наспроти нив, јас можам да се заблагодарам на народот што беше трпелив овие два ипол месеци од рестриктивни мерки, ограничување на движењето, покажаа една навистина голема одговорност без исклучок на целата територија на Република Македонија. Дефинитивно, покажаа зрелост, различно од она што некои политичари во моментов ја манифестираа.

Јас тука сакам и на нив да им се заблагодарам и да се заблагодарам на сите оние кои што беа во првата линија во борба против Ковид вирусот, и кои што се’ уште се, и покрај тоа што од таму дознавам определени, би рекол, искуства, определени информации во каква состојба се наоѓаат медицинските лица. И навистина се преморени и борбата беше исцрпувачка, дека се истрошени, посебно сега кога мислиме ете дека оној прв бран кој што велеа дека е на заминување така барем е ситуацијата секаде во регионот, но кај нас сега што се случува е некој продолжен практично прв бран, и се’ уште не можеме да зборуваме за втор бран.

Но изгледа дека продолжувањето е многу посилно од она што се велеше пик во првиот бран кој што мислевме дека поминува. Бидејќи самите кажавте дека денеска имаме навистина една алармантна бројка на новозаболени, која што се лиферува како неофицијална во овој момент кога го правиме интервјуто. Но претпоставувам во текот на денот ќе биде потврдена и ќе биде бројка која што ќе биде најголема од почетокот на кризата па до денес.

И тогаш се поставува логичното прашање, оваа Комисија за заразни болести која што предлагаше мерки, која што предлагаше критики и итн. што правеше изминативе два ипол месеци? Што правеше Владата изминатите два ипол месеци? Бидејќи тогаш ни велеа ако ги примениме овие мерки ќе ја поразиме пандемијата, дури и излегоа на една спектакуларна прес-конференција, ако се сеќавате, кога кажаа дека еве ја победивме пандемијата итн. за да неколку дена потоа, недела дена, 10 дена потоа ние денеска да имаме стотици пациенти кои што се заболени од пандемијата.

Навистина трагично, неодговорно, непрофесионално и за жал сето тоа е на штета на граѓаните и интересот на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This