МИЦКОСКИ: Картата е црвена, тоа се боите на победата, на народот, на ВМРО, на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев Зоран и Пендаровски Стево знаат што ги чека и што ќе им тежи од денеска понатаму. Од денеска на нив им почнува вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Картата е црвена, тоа се боите на победата, на народот, на ВМРО, на Македонија. Реалноста значи победа во најголемиот дел на општини- сега победивме со уште поголема и поубедлива разлика од првиот круг. Ако имаше парламентарни избори, партијата која народот ја избра е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ споредно до Коалицијата на СДСМ освои најголем број на гласови. ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат.


Тие, подвлече Мицкоски, не` ставаа под политички прогон, ни ги ускратија финансиите кои со закон ни следуваат, но ние работевме и заедно со Гордана Силјановска Давкова дојдовме до близу 380.000 гласови и ќе продолжиме да работиме со 2 пати поголема мотивација и енергија.

-ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, заедно со народот и Гордана Силјановска Давкова, победивме во Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ново Село, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Босилово, Валандово, Вевчани, Василево, Виница, Градско, Демир Капија, Дебарца, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново Облешево и тесно е во Радовиш. Ние од едната страна, а од другата страна беше онаа хотел коалиција со 31 членка.

Денес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имаше нерегуларности, закани, притисоци… а тие знаат дека ова е лош резултат за нив, но денес Македонија се буди во нова реалност.

-Македонија главата горе високо, имаш ти чеда кои ќе те бранат, а јас ти ветувам дека ќе те одбранат, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This