Мицкоски: Кацарска што ги cyдеше по сто години уставобрaнителите, Заев ја унапреди во уставен судија, очигледна е монтираноста на случајот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во минатото тоа се потврди како судска пракса кога се враќаше случајот Сопот, Монструм затоа што така лажеше Зоран Заев како опозиционер и со тоа се воведе нова судска пракса. Не гледам зошто да не се направи пак и во случајот со обвинетите за 27 април, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телефонското јавување во емисјата Јади Бурек на телевизија Сонце.
Според него судијката која ги судеше случаите беше како на испит за промоција за уставен судија. Мицкоски укажа дека Кацарска што ги судеше по сто години уставобранителите Зоран Заев ја унапреди во уставен судија, и оти очигледна е монтираноста на случајот.
Стопанот Заев гледаше од страна и ако не беше задоволен таа немаше да стане уставен судија, ама тој беше задоволен“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека има судска пракса која може да биде повторена.
„Тоа беше и едно од барањата на вчерашниот протест за уставобранителите. Ценам дека делото тероризам е пренагласено и политички монтирано“, заклучи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This