Мицкоски: Кога Владата за своите во Штип е „мајка“, а за народот во Вевчани „маќеа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ коментира за денешниот настан во Вевчани, кога за време на одржување на Карневалот, полицијата интервенираше и го нападна народот, потсетувајќи дека за време на одржување на локалните избори во Штип истата полиција стоеше настрана додека се пееше и се славеше победата на новиот градоначалник.

Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”.

Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.

Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.

Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…

Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Кога Владата за своите во Штип е "мајка", а за народот во Вевчани "маќеа".Кога Владата цензурира критика и традиција…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, January 13, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This