April 24, 2024, 12:57 am

МИЦКОСКИ: Колку евра вративте во бројчаникот, ниту едно, до душа еврата завршија во џебовите на вашите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку СДСМ и вие лично имате право да протестирате за правда. Јас навистина се чудев против кого вие протестиравте? Против татко му на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ вашиот советник што е шеф на кабинет на министерката? Против кого, праша лидерот на ВМРО-=ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисијата Само вистина на Канал 5.

Мицкоски истакна дека тој се уште го чека ветувањето на Заев кое што го дал за поставување на бројчаникот на Триумфална капија, додавајќи дека нема ниту едно евро испишано бидејќи парите завршиле во џебовите на високи партиски функционери од СДСМ.

Јас уште чекам да напишете едно евро на оној бројчаник кој што го ветувавте таму пред Триумфална капија, допрва чекам да се појави едно евро. Но, за жал од еврото ни трага ни глас. До душа има едно евро ама во друг џеб заврши , порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This