Мицкоски: Колку и лажно да се прикажуваат дека победиле и убедливо да слават, СДСМ знаат дека е ова лош резултат за нив- картата е црвена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После онаа пародија што ја видовме порано од страна на Заев Зоран и Пендаровски Стево изведена би сакал да се обратам на македонската јавност како претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршување на вториот круг од претседателските избори.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Мицкоски.

Заев Зоран и Пендаровски Стево знаат што ги чека и што ќе им тежи од денеска па натаму затоашто без да им тежи тоа од денеска па натаму, они денеска немаше да ги имат оние кисели скаменети насмевки на нивните лица затоашто од денеска на нив им почнува вистински политички пекол којшто ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политика сила во Република Македонија.

Стево вика слушајте го врховниот командат.

Јас велам повторно грешите, слушајте го народот!

Браќа и сестри,

Картата е црвена. Тоа се боите на победата, на народот, на ВМРО, на Македонија.

Реалноста значи, победа во најголемиот број на општини. Во голем број на случаи каде ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг, сега победивме со уште поголемаи поубедлива разлика. Му се допаѓало тоа некому или не.

Но, денеска реалноста е следна: ако имаше парламентарни избори, партијата која народот ја избра на овие избори и која ќе освоеше најголем број на мандати, пратеници е ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ споредено со коалицијата на СДСМ да ве потсетам освои на најголем дел партии којшто се дел од коалицијата на СДСМ, онаа хотел-коалиција освое најголем број на гласови ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат. Новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ е повторно најголемата политичка сила во Република Македонија.

Не навредуваа, конструираа сценаристите, го ставија членството на ВМРО-ДПМНЕ под политички прогон, го замрзнаа имотот на партијата, ни ги ускратија финансиите, се закануваа на нам и нашето семејства. Но, ние работевме. Работевме и заедно со проф. Гордана Сиљановска Давкова дојдовме до близу 380.000 гласови.

И ќе продолжиме да работиме, а тие повторно нека продолжат да измислуваат, да креираат,да конструираат под политички прогон да го ставаат членството на ВМРО-ДПМНЕ, но не смеат да заборават дека ВМРО-ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин во Република Македонија и што и да прават и што и да чинат не можат да не избришат. Ние продолжуваме да работиме со двапати поголема мотивација и поголема енергија од овој момент па натаму, да на следните парламентарни избори да ВМРО-ДПМНЕ ја стигне онаа бројка која што ја заслужува, а тоа е близу половина милион гласови.

Би сакал да ја потсетам македонската јавност за следново, ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата За Подобра Македонија, коалицијата со народот и професорката Гордана Сиљановска Давкова победи во, бидејќи ветив ќе почнам со Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, Гордана победи и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, слушнав дека Заев Зоран кажа дека победиле во Охрид за градоначалник, но нека си го постави прашањето зошто неговиот кандидат за претседател изгуби со повеќе од илјада гласови во Охрид. Исто така Зоран Заев рече дека победиле за градоначалник во Ново Село, но треба да си постави прашањето зошто неговиот кандидат за претседател изгуби со повеќе од шестотини гласа.

Победивме во Прилеп, во Кочани, во Свети Николе, во Штип, во Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Виница Градско, Дебарца Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново Облешево и тесно е во Радовиш.

Драги пријатели, треба да се знае дека ВМРО-ДПМНЕ, Гордана и народот, Коалицијата За Подобра Македонија бевме од едната страна, а од другата страна беше онаа хотел коалиција, предводена од СДСМ, ДУИ, ДПА, НСДП, Алтернатива, Либерално демократската партија, Либералната партија и сите оние 31 членка на таа хотел коалиција.

Но и против дел од верските лидери кои индиректно или директно недозволиво за секуларна држава дадоа поддршка за Заев Зоран и Пендаровски Стево. Пред 5 мај кажав, а денеска ќе повторам Гордана може да изгуби, заеднос о народот само со тежок фалсификат и изборен инжинеринг, тоа и се случи. Зошто викаме дека има неправда, затоа што денес имаше, нерегуларности, уцени, закани, притисоци веројатно и брзи прсти, но индиции за поткуп.Ова не се европските вредности а Европа е далечна цел во овие луѓе. Ова не се ниту македонски вредности, затоа што луѓето не се такви , затоа на Македонија и требаше техничка влада која ќе може да гарантира сигурност и непристрасност на процесот и затоа Заев Зоран избега од предвремени избори иако велеше дека ќе не прегазел. Но, се плашам дек ќе беше прегазен. Затоа што таму и тие избори овој процес ќе го спроведуваше една таква техничка влада.

И ова не го кажувам да барам алиби. Ова го кажувам зошто ова е вистината за реалноста во Македонија. Жалната и тажна реалност и затоа треба правда.

И ве гледам во очи и ви кажувам, ќе успееме. Македонија заедно со народот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија ќе успее. Јас не давам ветувања кои не можам да ги исполнам и еве кажувам ова власт која што ја предводи Заев Зоран и СДСМ свесна дека е веќе минато и ќе падне.

Ќе ги поразиме заедно со народот, со чесниот и домаќински народ.

Колку и лажно да се силат. Колку и лажно да се прикажуваат дека победиле и убедливо да слават, знаат дека е ова лош резултат за нив. Резултатот е последица на без крупулозното пазарење и ти тоа господине Заев го знаеш.

Знаеме и јас и ти што се си ветил ова денеска да се случи. Но ова ќе ти тежи и на тебе и на Пендаровски Стево.

А денес Македонија се буди во нова реалност. Општествена реалност која значи делегитимирана власт.

Благодарам на сите кои гласаа. Овие луѓе се херои бидејќи ја дадоа поддршката во едни вакви услови. Но, ќе ги споменам и разочараните кои не гласаа, сигурно имале добра причина за тоа.

Нека не следат и ќе ги убедиме дека ВМРО-ДПМНЕ е изборот, преку понудата која ќе ја дадеме и решенијата кои ќе ги понудиме. Ќе ги споменам и оние кои не гласаа за ВМРО-ДПМНЕ,но чесно го дадоа својот глас и кон сите граѓани се однесувам со подеднаква почит.

Дозволете ми да и се заблагодарам на проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.

Професорке вие сте жена за пример, чесна и со екстремно цврст морал. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сметаме на вас, на вашето знаење, на вашиот бесконечен кредибилитет. Вие сте хероината на народот. Фала ви за се што направивте.

Професорке ова е ваш дом, исто колку што е и наш. Ова е ваш дом така и ќе остане засекогаш.

Драги пријатели,

Ова не го зборувам само за пуста власт, за функции, ова го правам за принципи и вредности затоа што верувам во морал и верувам во успех.

Продолжуваме онаму каде што застанавме и ви ветувам дека нема да ве разочарам одиме заедно и заедно ќе победиме.

Кога сите мислеа дека нема да успееме, ние успеавме.

Оваа вечер нека ни биде една од оние вечери кога ќе тагуваме за неправдата, но ќе се радуваме за она што заедно го сторивме изминатите 5 недели, а сторивме навистина многу и за Македонија и за граѓаните на Република Македонија.

Македонија главата горе високо имаш ти чеда кои што се достоинствени да те бранат, а јас ти ветувам дека ќе те одбранат.

Да сте ми здрави и живи да ни е вековита Македонија.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This