МИЦКОСКИ: Лага е дека законот за јазици се применува успешно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Ако вие го читате францускиот нон-пејпар кој што претпоставувам сега ќе биде основа во новата методологија за преговарање, таму јасно стои дека мора препораките на меѓународните институции како што се Венецијанска комисија и Греко да бидат прифатени и интегрирани од правниот систем на една држава, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за Законот за јазиците во своето гостувањето во емисијата „Економски Магазин“.


Тој порача дека „ако слушаме тоа што ќе каже Оливер Спасовски, тогаш тој ќе каже како се применува законот за јазици “.

– Еве да појдеме сега во Делчево , дали е успешно приметен законот за јазици, мислам дека не е, и сега кој лаже тука? Ајде да влеземе во државните институции во Делчево, да одиме во Гевгелија да видиме во Охрид. Сега кој не ја говори вистината, еве нели се применува кој не ја говори вистината? Не е така, не можете на невистина , на нечеститост и на лага да ја темелиме државата. Едно е политичар кога ќе каже и сега ние се повикуваме и реферираме на тоа што политичарот ќе каже, а ако е тоа невистина, тогаш државата оди во погрешна насока, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This