Мицкоски: Македонија е прва во Европа по починaти од кopoна по глава на жител, затоа што наместо да организираат протоколи тие трчаа по провизии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Македонија е првата држава во Европа која што има најголем број на луѓе починати за жал од КОВИД пандемијата по глава на жител. И тоа најголем број. Околу 6.000 фамилии денеска се завиени во црно поради нивната неспособност, поради тоа што не беа кадарни наместо да бараат протоколи, наместо да организираат болници за прифат на пациентите тие трчаа по светот за провизии и да крадат од овој народ”,истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Кочани.

Мицкоски потсети на трагедијата во Тетово каде што 14 луѓе го загубија својот живот, а се уште нема одговорност за таа трагедија.

„14 луѓе живи им гореа, 14 луѓе живи им гореа и до ден денеска не се најде јунак околу Зоран Заев да му каже доста е, време е да си заминеме. Но, јас сум убеден дека на 17-ти октомври народот ќе им каже доста е и дека на 17-ти октомври ќе се случи тоа што сите ние го очекуваме”, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нема криминалец на Балканот што нема македонски пасош, а тој пасош е издаден од министерството на Оливер Спасовски.

„Минатата година зејтинот чинеше литар околу 67 денари, а денеска е 97 денари. Минатата година чинеше 45 денари, а денеска е 55 денари. Минатата година брашното чинеше 34 денари, а денеска чини околу 40-тина денари. Но, затоа тоа не му пречеше на Зоран Заев во новото БМВ да дојде на митинг во Ресен. БМВ ново гланц, за жал го нема мерцедесот, сега е нова марка БМВ вредно точно 100.000 евра”, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека автомобилот на Заев чини колку 3 милиони килограми ресенско јаболко или пак 400.000килограми оризова арпа.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This