Мицкоски: Масовно да излеземе на изборите и да избереме промени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од Охрид ги повика граѓаните да се обединат и мобилизираат, се со цел да покажат слога во намерата да се направи подобро, додавајќи дека само рамо до рамо сите заедно ќе успеат да создадат нова иднина.

-Во вас е силата. Од вас зависи дали ќе создадеме нова иднина, заедничка, подобра иднина, или ќе останеме потонати во апатијата и безнадежноста. Ги повикуваме сите. Сите гласачи кои сакаат нешто да се промени, и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определиле првично за нас и оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме. Вие сигурно имате оправдана причина да се сомневате. И ние никогаш не сме тврделе дека сме безгрешни, ниту пак совршени. Време е да ги надминеме разликите и да се мобилизираме и обединиме, да покажеме слога и заедништво во намерите да се направи подобро. Потребни сме и сите заедно на Македонија. Со поделби само други користат. Потребни сме заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме. Сложно, порача Мицкоски.

Тој додаде дека граѓаните останат дома а со тоа им пропадне гласот, власта ќе мисли дека успеала и ги надмудрила, повикувајќи ги да излезат масовно и да им покажат дека граѓаните самите се господари над сопствените судбини.

-Ако пропадне вашиот глас и останете дома, тие ќе успеат и ќе мислат дека ве надмудриле, ќе мислат дека добро правеле досега и ќе се охрабрат во се она што го прават, а сите нас не тишти и го сметаме за лошо и погрешно. Да покажеме дека самите сме господари над сопствените судбини и дека никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе. Ајде сите заедно да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ја посакуваме, кажа Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This