Мицкоски: Матрицата на СДСМ секогаш е содржана во четири чекори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев ја посетија општина Пехчево. Од таму Мицкоски порача дека се чувствува победата на ВМРО-ДПМНЕ, по 15-ти јули ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата на Република Македонија. Доаѓа време на чест и достоинство.

„Ова не се избори како и сите останати. Ова се избори на кои што вие одлучувате за иднината на Македонија, одлучувате за иднината на вашите потомци но истовремено одлучувате и за честа на нашите предци кои што практично со живот го платија она што ние денеска го живееме. Затоа кога зборуваме за овие предвремени парламентарни избори, зборуваме за нешто многу повеќе од тоа. Изборот на овие предвремени парламентарни избори се сведува на две понуди. Кои што една од друга се многу различни. Од едната страна ја имате понудата на СДСМ со веќе истрошени, потрошени политичари кои што буквално немаат никаква идеја, никаква визија што да понудат за иднината на нашата Македонија. А, од другата страна го имате ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ кои што имаат решение за сето она кое што го нудат во програмата, за сето она кое што е содржано во оние 360 страни, кои што ги понудивме пред граѓаните“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека од едната страна граѓаните го имаат СДСМ со сиот свој криминал и корупција, беззаконие, а од другата страна граѓаните го имаат ВМРО-ДПМНЕ каде што се ветува нула толеранција за криминалот и закони кои што ќе владеат на целата територија на Македонија.

„Матрицата на СДСМ секогаш е содржана во четири чекори. Првиот чекор без исклучок е пред кампања лага. Обид да се излажат граѓаните да му ја дадат поддршка за СДСМ или коалицијата која што ја предводи СДСМ. И претпоставувам нешто слично ќе се случи овде со раката на срце, налево и надесно, ќе се колне во најмилото, жицата, конецот, времето, племето, семето и ќе каже по некоја шега. Но затоа ќе каже многу невистини. Мислејќи дека на тој начин ќе ја добие поддршката на граѓаните. Потоа доаѓа вториот чекор во таа нивна матрица. А, тоа е национален срам и понижување. После вториот следува и третиот чекор, а тоа е пљачка и криминал. И конечно на крај се заробува обвинителството, се заробува судството. Обвинителството заробено им служи за пресметка со политички неистомисленици. А, додека пак судството им е потребно за некоја „трас – трас“ судска одлука за некоја нова амнестија со која што ќе се избрише некоја неправда од минатото“, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This