April 20, 2024, 10:38 am

Мицкоски: Моментите на тивкоста им помага на тие поради кои сме тивки, и затоа да сме гласни, новата иднина е нашиот 30 годишен сон за Македонија каква сакаме да ја имаме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова не е моја борба, тука наша борба за заедничката иднина. И ви велам креваме глава кога тие сакаат да бидеме со спуштени колена. Одлучивме да се бориме, затоа што имаме еден значаен мотив повеќе, а тоа новата иднина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното обраќање по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Мицкоски пред граѓаните во Охрид потенцираше дека новата иднина е долгот на нашите претци, но и обврска за идните генерации, како и дека новата иднина е сон за тоа каква Македонија сакаме да имаме овие 30 години.

Новата иднина е долгот на нашите претци, но и обврска за новите поколенија. Новата иднина е нашиот сон овие 30 години за Македонија каква сакаме да ја имаме. Новата иднина е надежта заокружена од секој еден од вас на референдумот таа 91ва, тој 8 септември. Сетете се на тоа моќно чувство дека сте дел од нешто, дека сте дале нешто за нашата земја, а за жал години потоа не сте добиле ништо. И дека време е, конечно време е денес државата да ви врати вам, рече тој.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This