April 25, 2024, 11:42 am

(Видео) Мицкоски: Надежта е родена, шансата за нова иднина народот ја зема во свои раце, победи народот во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Огромна победа на народот на Македонија. Ова е победа на младите, старите, мажите и жените, христијаните, муслиманите, атеистите, работниците, земјоделците, лекарите, професорите, уметниците. Ова е победа на гласот на обесправените, на тивкото мнозинство граѓани на чиј ‘рбет се носи Македонија. Победи народот и покрај сите нерегуларности, криминални дејанија, притисоци, поткупи кои ги правеа. Полицијата на Спасовски, Обвинителството на Русковска и примитивизмот на Заев беа против нас, но со нас беше народот“, изјави на вечерашната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва надежта е родена, шансата за нова иднина народот ја зема во свои раце. Новата иднина го победува минатото, ги победува поделбите. Ова е триумф на оние кои гласаа, но и оние кои не гласаа и чија почит сите тие ја имаат од мене. Ова е триумф на хероите на Македонија, луѓето кои заслужуваат надеж и ја добиваат надежта за заедничката иднина.

Денес се слуша, трешти гласот на промените и сите вие со вашата волја и верба во себе и во Македонија сте најголемата сила на промените.

Дали ова е финалната победа, не, ова е првиот голем чекор до нејзе. Ова е чекор кој не детерминира во она што го сакаме од нашата Македонија, просперитетна, напредна и развиена. Сигурна, интегрирана, богата. Овој народ тоа го заслужува.

Доста беше, доста е делби, конфликти, доста е апатија, доста е криминал, корупција.

Благодарам народе на Македонија. Ова е твоја победа.
Ова е победа, но ова е и одговорност. Едно да знаете, нема да ве изневериме. Нема да ве разочарам, гарантирам за тоа што го зборам.
За мене ова е огромна обврска, огромна одговорност. Се што зборував во оваа кампања, паметам добро и ние тоа ќе го направиме заеднички.

Би сакал да споделам дел од резултатите кои до овој момент пристигнаа до нашиот аналитички центар:

Македонски Брод имаме водство во првиот круг и втор круг, а тука СДСМ нема да биде ниту во вториот круг.

Аеродром очекуваме во првиот круг да се заврши имаме огромна разлика.
Кисела Вода имаме убедливо водство од 2:1 и очекуваме Орце во првиот круг да победи.

Сопиште завршена е работата во првиот круг со Стевче.
Центар и Карпош ќе има втор круг.

Дарко ја заврши работата во првиот круг, Бутел го има новиот градоначалник.
Чучер Сандево таму поддржувавме кандидат кој води и влегува во вториот круг.

Боби во Гази Баба ја заврши работата во првиот круг.

Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Александар може да помине уште во првиот круг, нијанси одлучуваат.

Пехчево одиме во вториот круг како првопласирани.
Македонска Каменица одиме во вториот круг.

Виница е завршено во првиот круг, 3 спрема 1 победа таму.

Кочани одиме во вториот круг. Таму се води нерамноправна борба помеѓу луѓето кои што се блиски до СДСМ имаат минато какво што имаат и чесните граѓани на Кочани, кои што се надевам дека во вториот круг ќе го изберат Љупчо, да речам сум сигурен.

Зрновци завршивме во првиот круг, Борче е таму новиот градоначалник и јас сум убеден дека ќе го замени достоинствено претходниот кој што исто така беше од ВМРО-ДПМНЕ.

Зелениково одиме како прво пласирани во вториот круг.

Петровец три спрема еден уште во првиот круг. Борче останува градоначалник.
Илинден, Александар ги победи двата кандидати на СДСМ, и на Оливер Спасовски. Александар е новиот градоначалник на Илинден, уште во првиот круг е завршена таму работата.

Чешиново Облешево одиме како прво пласирани во првиот круг.
Иван не е тука моментално е во Штип, ве поздравува сите и ви кажува дека ја заврши работата уште во првиот круг.

Исто сакам да ви пренесам поздрави и од Виктор, Карбинци го има новиот градоначалник во првиот круг.

И исто да ви пренесам поздрави од Дејан, Свети Николе го има новиот градоначалник во првиот круг.

Лозово и Пробиштип влегуваме во вториот круг, таму ќе има втор круг.
Во Кратово, за жал за 13 гласа не успеавме во првиот круг, но сигурно во вториот ќе успееме, иако водиме.

Ранковце влегуваме во вториот круг. Таму знаете со што се соочуваше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и покажа навистина витешка борба и влегува во вториот круг каде што се надеваме и сме сигурни дека ќе биде новиот градоначалник на Ранковце.

Ми пренесе да ви пренесам, Марко од Велес, Велес е Вмровски град.
Малку подоле од Велес, Градско, а таму Кире е новиот градоначалник на Градско. Радовиш имаме огромна предност, влегуваме во вториот круг со огромна предност, повеќе од 1,600 илјади гласа предност, иако можеше во првиот круг, но за многу малку влегуваме во вториот круг.

Иста е ситуацијата и со Конче, втор круг имаме таму.

Поздрав имате од Манчев од Босилово, он ја заврши работата во првиот круг, Босилово има нов градоначалник. Ново Село и Василево, влегуваме како прво пласирани во прв круг.

Андон во Гевгелија е многу блиску до победа во првиот круг, водството е 1,400 илјади гласа разлика.

Неготино го има новиот градоначалник во првиот круг Горан. Демир Капија влегуваме во втор круг.

Кавадарци е со старо новиот градоначалник Митко Јанчев, Митко победи со 10,000 илјади гласа разлика во прв круг во Кавадарци. Росоман влегуваме во втор круг.

Сакам да ви пренесам голем поздрав од д-р Борче Јовчевски, Прилеп победува во прв круг. Драганчо и Стевчо ја завршија работата во прв круг во Могила и Новаци.

Д-р Тони во Битола има огромна предност, најверојатно и таму ќе биде завршена работата во првиот круг.

Ресен имаме втор круг.

Ве поздрави Пецак рече му фалеле неколку десетици гласа, ама во вториот круг сигурно победува, разликата во Охрид е повеќе од 2,000 илјади гласа.
Вевчани имаме втор круг. ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево.

Втор круг имаме во Маврово-Ростуше, влегуваме како прво пласирани.
Втор круг имаме во Демир Хисар. Диме победи во Јегуновце во прв круг. Брвеница влегуваме како прво пласирани во вториот круг.

Драги пријатели, вечерва ќе се радуваме, но нема да славиме, утре на работа. Од утре на работа за народот и порака за крај. Бидејќи не чека долги предизвици во вториот круг од изборите.

Ги повикувам сите, сите гласачи кои сакаат нешто да се промени и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определија првично за нас, и оние кои што се разочарани од политиката. Ајде да се обединиме време е да ги надминеме разликите и да се мобилизираме и да се обединиме. Да покажеме слога и заедништво во намерите да се направи подобро. Потребни сме и сите заедно на Македонија, со поделби само други користат.

Потребни сме заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме, сложно. Да покажеме дека самите сме господари над сопствените судбини и никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе.

Ајде сите заедно да направиме големи работи, големи чекори напред. Да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ја посакуваме. Уште само еден чекор не дели од она за кое сите заедно сонувавме.

Ништо не е невозможно излезноста е клучот. Тие сакаат да наведнете глава, ние велиме гордо напред главата горе.

Да покажеме дека промените се можни и дека тие не се ништо друго освен вашата сила и неуморлива волја.

Надеж и стремеж за нова иднина, затоа што вие и само вие сте силата на Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This