Мицкоски: Народот се изначека вакцини против корона умирајќи, додека земјите од регионот на големо вршат вакцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Дневникот на Сител Телевизија истакна дека додека сите околу нас се вакцинираат, нашата влада доцни со набавката на вакцини, а поради тоа се губат човечки животи, наместо што побрзо да бидат спасени.

– Секој околу нас веќе се вакцинира, јас сакам да се вакцинирам, а немам како. Има луѓе кои не сакаат да се вкацинираат и ги почитувам затоа што имаат свој став, но јас сум од тие што сакаат да се вакцинираат. Вакцините сега ни требаат во јануари, февруари, март за тие што сакаат да се вакцинираат, а не во декември кога ќе бидат со изминат рок, истакна Мицкоски.

Во однос на оправдувањата на власта дека се чекал КОВАКС механизмот или помош од ЕУ членки, прашува тогаш зошто само ние чекаме, додека сите се вакцинираат.

– Што не чека Рама, што не чека Вучиќ, што не чека Борисов, Хоти, Мицотакис, до кога само ние ќе чекаме. Само ние чекаме, а сите се вакцинираат, потенцира Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека покрај вакцинација против коронавирус потребна е и вакцинација против сезонски грип, која речиси и да ја нема, а факт е дека и таа болест постои и дека и од неа се губат животи.

– Уште за време за кампањата за време за предвремените парламентарни избори апелирав, најпрвин дека е потребно да се обезбедат вакцини за сезонскиот грип. Мене навистина ме вознемирува што никој повеќе не ја поставува таа тема, затоа што не е саммо ковид, имаме и сограѓани кои страдаат од сеознски грип и ги губат животите од него. Ние немаме такви вакцини, односно ако била таа за 100 илјади жители сега не е ни за 10 илјади. Ајде со бројки да зборуваме, заврши Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This