МИЦКОСКИ: Најсериозен кандидат на СДСМ им е човекот кој се срамеше од сопствената нација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конвенцијата на партијата за избор на претседателски кандидат во својот говор „удри“ по тројца од најголемите фаворити на власта за претседателските избори.

Иако не спомена имиња, јасно беше дека лидерот на опозицијата зборува за министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

– Најсериозен кандидат им е човекот кој е пишувач на колективната неправда, пишувач на тој договор. Човекот кој доживеа дипломатски дебакл, не го сочува достоинството и идентитетот, а сега ќе ја бPанел државата, човекот кој се сpамеше од сопствената нација – рече Мицкоски.

Другиот, рече тој, е џелатот на неправдата кој полицијата ја користи како своја приватна подружница кој нема расчистено големи кpиминали.

– Третиот е оној кој еднаш загуби на претседателски избори, кој знаеме какви ставови имал и какви навреди имал кон народот – рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This