МИЦКОСКИ НА БАДНИК ВО ЦРКВА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ празничната вечер ја помина во црквата Св.Петар и Павле во Ѓорче Петров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за Бадниковата вечер присутвуваше на службата која се одржа во црквата Св.Петар и Павле во општина Ѓорче Петров, од каде упати честитки до граѓаните кои го слават празникот

Во пресрет на Рожденството Христово Божиќ, бадниковата вечер ја поминав во црквата Св. Aпостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров. На православните верници им го честитам големиот празник, со искрени желби за добро здравје, бериќетна година и успеси. Она што го посакувам на секој еден од вас е да бидете среќни, заеднички да градиме иднина, и да покажеме одговорност кон нашата земја. Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата. Нашата борба е за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани! И покрај сите предизвици, и покрај сите премрежја, имајте спокојни празнични денови со вашите семејства. Христос се роди! Навистина се роди! – напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This