МИЦКОСКИ НА ВАСИЛИЦА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Македонија горда, достоинствена, заедничка, стаменита, исправена и напредна е целта на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И Василица, уште еден голем православен празник, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го прослави во општината Ѓорче Петров, без организација заедно со насобранит народ кој традиционално организира Василичарски средби. Мицкоски на својот ФБ профил објави и фотографии од средбата

„Вечерва во пресрет на празникот Св. Василиј Велики бев на Василичарската средба што за таа цел се организира во населбата Даме Груев, во скопско Ѓорче Петров.

Убава Македонска и Христијанска традиција каде се сретнав со граѓаните, посакав добро здравје, подобар живот и исполнување на личните желби.

Можеше да се забележи една заедничка грижа, едно горко чуство кај граѓаните, силен товар и мака, од промената на името и неправдата која му се нанесе на нашиот народ и држава оваа власт.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ мора да настојуваме и ќе настојуваме таа неправда да биде исправена. Нашата задача не е борба за гола власт, туку пред се нашата цел е Македоноја да престане да губи, а тој процес единствено ќе престане доколку оваа власт си замине.

Македонија горда, достоинствена, заедничка, стаменита, исправена и напредна.

Ова е нашата цел и нашата задача. И оваа цел ќе ја исполниме заеднички, обедените и силни, затоа што нам ни треба силна Македонија!“ – напиша Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This