March 28, 2024, 10:54 pm

МИЦКОСКИ НА ДУЕЛ ЌЕ МУ ОБЈАСНИ ШТО МИСЛИ ЗА БОЈКОТОТ: На Заев треба прво да му биде дозволено да излезе на ТВ дуел па ќе му објаснам што мислам за бојкотот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостувањето на 24 Анализа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше околу повиците на СДСМ да го каже ставот околу референдумот и за наводниот бојкот од негова страна. Мицкоски рече дека на Заев треба најпрво да му биде дозволено да излезе на ТВ дуелот па дури тогаш тој би дознал што тој мисли Христијан Мицкоски по тоа прашање.

– “Премиерот има шанса да дознае само треба да се одважи да дојде и на крајот на дуелот ќе го дознае ставот на Христијан Мицкоски. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе не е важно затоа што ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука. 455 илјади граѓани го слушнаа ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Се донесе став во рамки на партиските тела, откако следеше состанок на пратеничката група на извршниот и централниот комитет ние излеговме со став каде ги набројавме сите штетни последици од капитуланскиот договор кој Зоран Заев го потпиша со јужниот сосед. Ова е надпартиско прашање за кое граѓаните треба да одлучат“ рече Мицкоски

Според него овој таканаречен договор не е дел од референдумското прашање и ова е трозначно прашање се со цел да се направи забуна кај граѓание. Мицкоски притоа ја спомна и лидерската средба каде посочи дека ако Зоран Заев се одважеше да се прифати предлогот да се има еднозначно прашање кое ќе се однесува само на договорот потпишан на 17.06.2018 тогаш тој како Христијан Мицкоски ќе излезеше на таков референдум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This