МИЦКОСКИ НА СРЕДБА ВО КИСЕЛА ВОДА: Еден човек ми рече, ајде што црна ни е живеачката, и околината во која живеат нашите деца уште го прави поцрно ова време!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со партиските активности како што претходно најави, односно, секоја среда ќе се протестира во Скопје, а во текот на неделата и викендите ќе се организираат средби во градовите и општинските комитети на партијата

„Вечерва бев во посета на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода и таму секогаш најубаво може да се почуствува енергијата на народот и неговото пулсирање за најважните теми.

Еден човек ми рече, ајде што црна ни е живеачката, и околината во која живеат нашите деца уште го прави поцрно ова време, убиства на улиците, криминалци на слобода, револвераши кои нашата населба и малаата ги претвараат во места како дивиот запад.

Живееме во време каде власта го прислушкува обвинителство и судство, каде имаме нарачани пресуди во духот на „Кацарска судството“, нарачани обвиненија во стилот на „Русковска обвинителството“, а од поново цреме и нарачани сведоци кои треба да го компромитираат ВМРО-ДПМНЕ,и така мислат дека ќе не укинат како партија, и така лажно се надеваат дека помалку ќе се збори за нивниот криминал и нивниот срам со изневерените очекувања и лажните ветувања. Така мислат ќе биде и помал оној столетен срам и болка која и ја нанесуваат на овој народ со промената на името и Уставот на земјата.

Но, нема прогон, нема притисок кој може да го покрие она што станува заштитен знак за оваа влада, црнилата. Црнила преку промена на името, црнила преку уништената економија, ценила преку покачените даноци и корупцијата која цвета.

Кисела Вода знаела и умеела да се спротивстави на неправдите, така ќе биде и сега. Ќе изгрее зората и Македонија ќе победи.“ – напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This