April 26, 2024, 10:13 pm

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ЧЕШКА: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Мирослав Томан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес, заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски остварија средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.

Како што информираат од партијата на денешната средба се разговарало за повеќе теми како и за актуелните политички случувања во Република Македонија.

Мицкоски го информирал амбасадорот за последните случувања кои се случија изминатите денови.

-За политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата. Претепувањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните. Животите на луѓето кои се во притвор поради политичките процеси се загрозени, а власта се обидува со манипулации да одбегне одговорност. Нема друга држава во светот каде власта така брутално се пресметува со опозицијата и со граѓаните, истакна Мицкоски. Тој истакна дека потребен е јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе ги расветли сите коруптивни и криминални активности, и воедно ќе обезбеди спроведување на правдата и правната држава, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This